Чоколадото и путерот растопете ги. Потоа додајте ги кафето и шеќерите. Убаво промешајте.
Во подлабок сад ставете ги бисквитите или кексите. Дел од нив грубо искршете ги, а дел со рака поситно изгмечете. Додајте го стопеното чоколадо со путер и сокот од мандарини или портокал. По желба изрендајте и дел од кората.
Смесата префрлете ја врз поцрврста најлон фолија или целофан. Порамнете со рацете обликувајќи салама и со помош на фолијата убаво зацврстете ја. Смесата нема да е многу цврста за обликување само со раце. Обликот ќе го финосате со помош на фолијата. Потоа ставете ја во замрзнувач додека се стегни. Откако се зацврсти, можи да ја префрлите и во обичен фрижидер.
Совет-одберете вкусно црно чоколадо, бидејќи добар дел од вкусот зависи од него.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани