Чоколаден кафе колач
Најпрво го подготвуваме нес кафето со врела вода, го додаваме кај путерот и чоколадата мешаме да се растопат ставаме и малку на оган додека да се растопат путерот и чоколадата.
Ги матиме белките со нотка сол и со постепено додавање на шеќерот. Матиме цврст снег и една по една ги додаваме жолчките. Ги додаваме и растопениот путер со чоколада на крај го додаваме брашното во кое е измешано пециво.
Печеме во голем плек од електричен шпорет на 180 степени околу 30 мин. Проверете со чепкалка дали е готово. Оставете да се излади тестото па премачкајте со мармалад. Слатка павлака загрејте ја до вриење додадете ја чоколадата кога ќе се истопи прелијте ја на колачот нека се зацврсти и исечете на коцки .
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
Prekrasen e .. :)
Kombinacija 5+