Чоколадирани колачиња
Брзи колачиња, кога немате многу време за да правите форми, се што ќе ви треба е некое калапче и желба за правење ако ве нема фатено мрза. Најпрво растопете ги чоколадата (на 100гр.чоколадо обично ставам 3 лажоци масло). Со растопеното чоколадо намачкајте ги калапите и оставете ги во замрзнувач 15 мин..Истата постапка повторете ја уште еднаш.
Во мегувреме сомелете ги бисквитите, лешниците и додадете го растопениот путер.Потоа ставете го и кремот и убаво измешајте.Со оваа смеса наполнете ги калапите.Белите колачиња ги затворив со бело топено чоколадо,а црните ги оставив така.Ставете ги во замрзнувач уште 15 мин. и послужете.На здравје!!!
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови