Чоколадирани колачиња
Состојки
- За чоколадирање на колачињата
- 100гр. црно чоколадо
- 100гр. бело чоколадо
- за фил на колачињата
- 150гр. мелени плазма бисквити
- 150гр. мелени лешници
- 4-5 лажици мешан еурокрем
- 1 лажица растопне путер
Подготовка
Брзи колачиња, кога немате многу време за да правите форми, се што ќе ви треба е некое калапче и желба за правење ако ве нема фатено мрза. Најпрво растопете ги чоколадата (на 100гр.чоколадо обично ставам 3 лажоци масло). Со растопеното чоколадо намачкајте ги калапите и оставете ги во замрзнувач 15 мин..Истата постапка повторете ја уште еднаш.
Во мегувреме сомелете ги бисквитите, лешниците и додадете го растопениот путер.Потоа ставете го и кремот и убаво измешајте.Со оваа смеса наполнете ги калапите.Белите колачиња ги затворив со бело топено чоколадо,а црните ги оставив така.Ставете ги во замрзнувач уште 15 мин. и послужете.На здравје!!!