Признавам дека повеќе сакам да јадам торта, отколку што сакам да правам, но овој рецепт беше само за мене, мал напор, висок резултат.
Самата техника околу мраморниот колач ме загрижуваше ама немаше потреба, беше совршено.
Прекрасниот вкус на самиот колач, направи да размислувам дека баш овој мраморен колач ќе биде на трпезата на сите мои идни настани, секогаш.

Приготвување
Загрејте ја рерната.
Куглофот премачкајте го со путер, по можност со прсти, за да ги опфатите сите делови.
Посипете со брашно.

Тесто за торта
Во сад се става мешавината за тесто, јајцата, маслото и млекото и мешајте со миксер околу 3 мин. (додавајте ги јајцата едно по едно)
Тргнете 1/3 од смесата, додадете го пакувањето од какао смесата и една голема лажица млеко, мешајки додека состојките не се соединат.
Тргнете на страна.
Во куглофот ја ставаме жолтата смеса, па одозгора кафеавата, па повторно жолта, па поново од кафеавата додека смесата не се потроши.
Со помош на нож намачкан со масло правете фигури со број осум, ќе имате чуство како тестото се движи наоколу, не мешајте премногу, ќе се изгуби ефектот на мраморен колач.
Печете 50-60 мин на 180 степени, (рерна со вентилатор на 160).
Оставете да се излади 20-30 мин ,па превртете ја на чинија за сервирање додека е сеуште топла.

Чоколадна глазура
150гр Чоколада
3 лаж путер
Прелијте ја тортата со чоколадната глазура.

Забелешка
Во смесата за тесто можете да додаатете било што, чоколадни капки, ореви и сл.
Доколку сакате да ја украсите тортата, направете го тоа пред да се исуши глазурата.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови