
Чоколаден колач со мандарини (без миксер)
Многу сочен освежителен колач за љубителите на мандарини. Се прави многу брзо, а не ви треба ниту миксер.
Се мешаат сувите состојки потоа му се додаваат течностите. Се меша се со лажица и се остава да стои 30мин. Се печи во тркалезно тавче бр 24 или 26 на 180минути околу 30мин.
Се цеди сок од 2 мандарини и се меша со вода да дојде вкупно 250мл. Се одделуваат 4 лажици од сокот, се додава прашокот за преливот и 4 лажици шеќер. Остатокот од сокот се става на оган дури не зоврие, потоа се додава прашокот за прелив и се меша додека не почне да врие. Се трга настрана се остава 1-2мин и се прелива оладениот колачот. Преливот ќе се стегне по 30тина минути. Се декорира по желба.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови