Чоколаден кекс
Ова е еден од брзите и едноставни потурени кекс-паднишпани кои како дете често знаев да си ги направам. Иако во составот нема чоколадо, сепак кога се гледа, мириса и јади се има тоа чувство како да е чоколадна.
Најпрво се мати омекнатиот маргарин, шеќерот и ванилиниот шеќер. Откако ќе се растопат шеќерите и спојат со маргаринот, се додава 1 по 1 јајце, секое матејќи го по 1 минута.
Се намалува брзината на миксерот и се додава, брашното, печивото и какаото, па на крај млекото.
Смесата е идеална по компактност и да се печи во калапи за мафини, но доколку сакате се одеднаш, тогаш сипете ја во подмачкана тава 20х30 и печете ја на 170С околу 20на минути, зависно од силата на рерната.
Млекото и шеќерот загрејте ги умерено додека се растопи шеќерот. За да не чекате, почесто мешајте. Можи да го истурите ладен врз топлиот колач или пак топол врз оладен.
Откако течноста убаво ќе се впие (половина до најмногу 1 час), се спрема шлаг пената спрема упатството и се премачкува одозгора целиот колач.
Исечете го на коцки и чувајте го во фрижидер до служење.
Лиценца: Сите права се задржани
majuska i kaj nas se saka cokoladniot vkus od bilo koj dodatok :)
ete, vale veke znae za sto pisuvav vo vovedot ;)