19
мар
2014
Чокобанани
Ова е повеќе идеја отколку рецепт. Во недостаток на време, а сепак да се задоволат страстите за благо на моите деца, ги спремам овие чокобанани.
1. Бананите ги лупиме и ги сечеме на тркалца.
2. Путерот го ставаме на најтивко на рингла да се стопи па го додаваме какаото, убаво промешуваме и на крајот го ставаме медот. Оставаме некоја минута да се излади и згусне.
3. Секое тркалце од банана го натопуваме во чоколадниот прелив и го наросуваме со сечкани ореви.
Толку. Оставаме во фрижидер некоја минута да се стегне чоколадото и уживаме во радоста на децата.
Лиценца: Сите права се задржани
Кокосов путер може да се најде во сите продавници за здрава храна и во поголемите маркети во делот каде што е здравата храна. Најчесто е пакуван во мали теглички.