Испечати

Чокобанани

Чокобанани

Состојки

  • 2 банани
  • 2 лажици кокосов путер
  • 1 лажица какао
  • 2 лажици мед
  • една рака сечкани ореви

Подготовка

Ова е повеќе идеја отколку рецепт. Во недостаток на време, а сепак да се задоволат страстите за благо на моите деца, ги спремам овие чокобанани.

1. Бананите ги лупиме и ги сечеме на тркалца.
2. Путерот го ставаме на најтивко на рингла да се стопи па го додаваме какаото, убаво промешуваме и на крајот го ставаме медот. Оставаме некоја минута да се излади и згусне.
3. Секое тркалце од банана го натопуваме во чоколадниот прелив и го наросуваме со сечкани ореви.

Толку. Оставаме во фрижидер некоја минута да се стегне чоколадото и уживаме во радоста на децата.