Подготовка:

1. Основа: во блендер ги ставаме оревите и 100 гр овесни снегулки. Блендираме да се иситнат. Во блендерот ги додаваме путерот од кикиритки, медот и кокосовото масло, блендираме да се соединат состојките. Смесата ја ставаме во длабок сад. Ги додаваме 7-те лажици овесни снегулки и рум аромата. Мешаме со лажица.
2. Во калап со димензии 20х20 обложен со хартија за печење ја ставаме смесата. Смесата рамномерно ја распределуваме и со рака притискаме. Калапот го ставаме во фрижидер да се стегне 1-2 часа.
3. Фил- во длабок сад на оган на средна температура ги ставaме путерот од кикиритки, медот, густото кокосово млеко , какаото и темното чоколадо искршено на коцки. Мешаме со жица за матење да се соединат состојките и додека да се стопи темното чоколадо. Филот го ставаме врз основата (може малку да ви е лепливо, но не грижете се во ред е , може да користите лажица натопена со вода за полесно да го распределите по цела површина). Врз филот ги ставаме мелените ореви и со дланка нежно ги притискаме да се залепат за филот. Оставаме во фрижидер да се стегне неколку часа.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани