Подготовка:

1. Прво јаткастото овошје го потпекуваме во рерна, па го лупиме и го мелеме.
2. Растопуваме чоколадо, путер, мед на тивок оган.
3. Оваа смеса ја ставаме во стапчест миксер или нутрибулет и тука додаваме суво овошје и какао. Процесираме сето убаво да се изедначи.
4. Оваа смеса ја соединуваме со мелени лешници или бадеми. По потреба налеваме од свежо цедениот сок од портокал.
5. Оставаме да се излади смесата, за да утврдиме дали е потребно уште сок.
6. Формираме бомбици и ги оставаме да се просушат 2-3 часа.
7. Потоа ги декорираме со растопено бело чоколадо.
Сервираме во хартиени кошнички.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани