Испечати

Чоко ароматични бомбици

Чоко ароматични бомбици

Состојки

  • 100 гр црно чоколадо
  • 30 гр путер
  • 1 лажиче мед
  • сок од половина портокал или повеќе. По потреба.
  • 100 гр суво овошје по избор или мешавина од брусница, црни сливи, суви смокви, суви кајсии
  • 150 гр мешавина од потпечено јаткасто овошје(орев, бадем, лешник, бразилски орев)
  • 1 лажиче какао
  • Зачини- по малку цимет, морско оревче, мелено каранфилче, мелен ѓумбир, некое зрно сол

Подготовка

Подготовка:

1. Прво јаткастото овошје го потпекуваме во рерна, па го лупиме и го мелеме.
2. Растопуваме чоколадо, путер, мед на тивок оган.
3. Оваа смеса ја ставаме во стапчест миксер или нутрибулет и тука додаваме суво овошје и какао. Процесираме сето убаво да се изедначи.
4. Оваа смеса ја соединуваме со мелени лешници или бадеми. По потреба налеваме од свежо цедениот сок од портокал.
5. Оставаме да се излади смесата, за да утврдиме дали е потребно уште сок.
6. Формираме бомбици и ги оставаме да се просушат 2-3 часа.
7. Потоа ги декорираме со растопено бело чоколадо.
Сервираме во хартиени кошнички.