Пак рецепт со тиква. И оваа есен ми е омилен продукт за експериментални рецепти, кои
се успешни, ама и вкусни.
Подготовка
1. Исчистената тиква ја рендаме и заедно со сокот и шеќерот ја ставаме да се вари. Ако
има потреба додаваме вода во варењето. На крајот треба сосема да ни испари течноста.
2. Кога тиквата ќе омекне додаваме путер и ванила екстракт.
3. Во друг сад ги ставаме мелените ореви и бисквити, ренданата кора од портокал и
сечканата брусница.
4. Го додаваме вареното пире од тиква и соединуваме.
5. Откако малку ќе излади смесата формираме бомбици во големина по желба.
Забелешка
Ако сакате може да бидат и посни, само исклучете го млечниот путерот и додадете
какао путер или кокосов путер.