Чипс компир со бел сос
Компирите ги лупиме и миеме.
Ги сецкаме на тенки тркалца како за чипс.
(Најдобро е со лупалка за компир да ги извадите тркалцата или пак на машина за сувомесно )
Ставете ги во вода додека го подготвуваме сосот.
200 мл неутрална павлака ја матиме со вилушка заедно со 1 јајце.
Зачинуваме со црн бибер, сол и мешан зачин. Додаваме лук во прав по вкус. Во сосот додаваме и 400 мл млеко. Промешуваме и редиме во тавата. ред чипс компир, ред сос.
Ако ја наредитме тавата, а ви личи дека фали сос, дополнете со млеко. Наросете пармезан и ставете да се пече еден час на 160 степени. Не е лошо пред крајот да покриете со фолија и да печете така, затоа што почнува да загорува пармезанот на површината. На здравје
Забелешка
Компирите не мора да бидат 10. Зависи од големината на компирот.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови