Здрав пченкарен чипс со семиња
Сите сакаме од време на време да си грицкаме. Јас сакам тоа грицкање да биде што е можно поздрава храна, па така настана овој чипс. Крцкав, вкусен и најважно ќе го јадите без грижа на совест =))
Ние го направивме веќе неколку пати, така што имате препорака да го пробате сигурна сум дека ќе уживате.
1. Сончогледот, лененото семе , сусамот, пченкарното брашно , лукот и солта ги ставаме во длабок сад . Промешуваме. Ги додаваме маслото и водата. Мешаме со лажица.
2. Смесата ја ставаме во плех обложен со хартија за печење. Врз смесата ставаме уште една хартија за печење за полесно и подеднакво да ја развлечиме колку што може потанко. Ја отстрануваме горната хартија за печење. Печиме во загреана рерна на 170 степени околу 20тина минути. Ќе го проверувате повремено да не ви изгори. Треба малку да потемни и да биде цврст кога ќе го извадите за да може со раце да го скршите.
3. сос- киселите краставички ги сецкате на ситни коцки или може да се изрендаат. Ги ставате во длабок сад со сите останати состојки и промешувате.
Лиценца: Сите права се задржани
Imam nesto praveno, vakvi zdravi grcki... No receptot Mi e vo izgubenite