Десерт кој се припрема за 15 мин. Летово го пробав со неколку различни видови на овошје и останавме воодушевени од оваа и од комбинацијата со нектарини-праски. Вие одлучете која е подобра
Подготовката е следна

1. Во подлабок сад за матење истурете ја киселата павлака. Во садот додајте го шеќерот во прав.
2. Желатинот прелијте го со 8 лажици ладна вода и оставете го неколку минути да набабри.
3. Во сад на многу тивок оган ( кај мене на 1 од 6) загрејте го желатинот да премине во течна состојба, но не треба да врие и постепено истурете го во садот со павлака и шеќер. Со миксер убаво изедначете ја смесата.
4. Одберете модла за тортата или некој соодветен сад кој сте го обложиле со најлонска фолија и почнете со редење на чизкејкот.
5. Најдолу наредете ги пишкотите, прелијте ги со дел од кремот со павлака. Врз павлаката распоредете дел од малините (смрзнати или свежи) или некој друг вид на овошје по желба. Врз малините повторно ставете од кремот со павлака и редете така додека да ги потрошите сите состојки. Јас од оваа доза добив торта со три реда пишкоти од кои првиот ред ги редев во еден правец, а наредните два ( средишниот и тој на дното) во обратен правец.
6. Оставете чизкејкот убаво да се излади и стегне во замрнувач  и превртете го на соодветна чинија.
7. Пред послужување сечете парчиња со големина по желба.

На здравје

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови