Црвена леќа со кари и кокос
Пред некое време преку експериментирање дојдов до вкусниов рецепт, и одлучив да почнам да споделувам на МоиРецепти.
Подготовката е многу едноставна, ако си подготвите се пред време, ќе биде готово за помалку од 15 минути. Нема потреба од запршка.
1. Во тенџере се запржува со масло (маслиново или сончогледово) кромидот, потоа се додава ситно исецканиот лук и исецканите моркови. Се запржува се заедно колку да се соединат вкусовите. Во меѓувреме се мие леќата и се додава во тенџерето.
2. Сега се посолува, се додава малку црн и црвен пипер. Јас ставив 1 мала лажичка кари, 1 мала лажичка кокосово масло, малку орегано и нане. Убаво се промешува.
(Додадов и малку гарам масала зачин, ако го нема во Македонија може да го направите сами со мешање на потребните состојки).
3. Потоа се става вода, најбитно е леќата да биде целосно покриена. Количината на водата може да биде и 1-2см над леќата. Ако приметите додека се вари дека е малку, слободно додадете повеќе. Некој ја преферира потечна, некој погуста.
4. По неколку минути се додава доматното пире и ако сакате малку густо кокосово млеко (од конзерва). Поклопете и оставете да се вари уште 5-10 минути. Ако ја сакате погуста оставете ја подолго за да испари водата.
5. Се сервира со неколку лажици обичен или кокосов јогурт/кисела павлака. Можете да исецкате и малку од зелените перца на младиот кромид.
Леќата може да се јаде само како чорба со малку леб, или ако ја направите погуста, можете да ја јадете со варен бел ориз и/или пилешко по избор.
Се надевам ќе ви се допадне мојот прв рецепт!
Добар апетит!
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор
Рецептов посебен <3