Не знам зошто е така наречена, а името ми е ненормално смешно, но вкусот е сепак побитен, а кога сме кај него, се бадевам дека оние кои сакаат пченкарно брашно ќе им се допадни.
Одамна од едно старо списание за рецепти имам во тефтер запишано вакво нешто, но таму процесот оди на рингла и без мешање и се уште не се дрзнувам тоа да го пробам, па затоа си ја одбрав посигурната верзија-во рерна )))

Изматете ги јајцата. Постепено додавајте ги и останатите состојки и мешајте со жица за матење.
Смесата излијте ја во намастена тава со големина колку Ростерот и печете ја во загреана рерна на 200 степени. Со чепкалка проверете кога е испечена.
Извадете ја тавата од рерна и избоцкајте ја цицварата со вилушка, па прелијте ја со павлаката за готвење. Почекајте малку да впие, па вратете пак во исклучена рерна уште 5-6 минути. Павлаката можи да ја прелиете и малку порано пред да се испечи. Така можеби полесно ќе се впие и во внатрешноста.
Печената цицвара веднаш премачкајте ја со 2-3 лажици кисела павлака. Оставете кратко време малку да подизлади па служете ја со јогурт или кисело млеко и некоја свежа зелена салата. Искрено, мене ми беше поубава откако сосема излади, но веројатно тоа кај секого би зависело до вкусот.
На здравје!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани