Ставете го квасецот во топлото млеко да се активира и додадете го шеќерот и едно лажиче брашно.
Пожелно е маргаринот да е на собна температура, па заедно со брашното и солта добро да се втрие.
Со додавање на млекото со активираниот квасец се замесува тесто. Ако е потребно додајте уште млеко од наведеното.
Оставете го на топло да се дуплира.
Потоа, развлечете го во кора и со чаша вадете кругови. Внимавајте пречникот да не е поголем од оној на круговите салама, или ист или минимално помал.
Ставете по еден круг салама меѓу двата кругови тесто. Со остар нож засечете 4 пати накрсно со длабина до долното тесто. Внимавајте долниот дел да не го засекувате до крај. Потоа направете помеѓу тие 4 засеци уште 4, но овој пат засекувајте го само горниот круг од тестото до саламата. Со прстот притиснете во средината за малку да се поткренат засечените краеви. Премачкајте ги со разматено јајце и во средината каде притискавте со прстот ставете ким.
Печете на 180 степени додека благо не поруменат.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани