Царска мешавина (посно)
Посно е.
Оригиналниот рецепт е само со брокула и карфиол, денес претрпи измена и само можам да кажам дека нема некоја битна измена на вкус, повторно вкусно, разира се - кој сака ваква мешавина... Ние го сакаме ова јадење
Спремете го бешамелот
- Во тавче растопете маргаринот и запржете го брашното, залијте со водата, зачинете со бибер, ставете ја зеленчуковата коцка за буљон или едноставно додадете ја водата и зачинете со сол и сув зеленчук. Нека проврие.
- На пареа кратко нека се обари зеленчукот- околу 5 мин.
- Филетите лесно осолени и увалкани во брашно кратко запржете ги (а може и без овој процес)
- Во тавче наредете ги најпрво филетите, врз нив истурете го спреманиот бешамел, ставете во предходно загреана рерна да се потпече околу 20 мин.
Многу лесено за припрема, а на обожавателите на брокулата и карфиолот особено ќе им се допадне.
Пријатен апетит!
Лиценца: Сите права се задржани