Царевник на Мијачки начин
Рецептов е стар околу 60 години.
Потекнува од Мијачкиот крај, ама е убаво да се знае секаде. Не е филозофија, туку една здрава храна која треба сите да ја конзумираме. На некого помалку, на некого повеќе му се допаѓа, но што е корисно, корисно е.
Се замесува тесто од царевното брашно, содата, солта и водата.
Откако ќе се соеднини смесата, земете една тава и подмачкајте ја со свинска маст.
Расплескајте ја со рака смесата која ја измесивте, а потоа на површината попрскајте ја со масло.
Печете во загреана рерна додека не зарумени.
Извадете од рерната оставете 5 минути да стивне и почнете (со мало сукалце или со рачката од дрвена лажица ) да го дробите готовиот пандишпан.
Дробете на средни рончиња, залачиња.
Јадете го царевникот додека е топол.
Послужете го со матеница или сиренце.
На здравје
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови