7
авг
2013
Холандска тава
Компирот и морковот се варат во солена вода во длабок сад. Во тавче се запржува кромидот, се додаваат соините топчиња, два домати исечени на парчиња, една полна лажица пире од домати, малку вода, сол, бибер и мешан сув зеленчук. Се динста на тивок оган. Пред самиот крај се поросува со свеж магдонос. Правиме пире од сварениот компир и морков, додаваме малку вода и празот исецкан на кругчиња. Посолуваме. Пирето се става во огноотпорен сад, одозгора ставаме рендан кашкавал и се запечува во рерна на 200 степени околу 10-15 минути. Се сервира заедно со сосот.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови