Харинга печена во рерна
Исчистете ја рибата во внарешноста. Зачинете внатре со солта и мешаниот зачин. Ставете во секоја риба по малку од сецканиот лук. Секоја риба засечете ја на неколку места не многу длабоко, колку да можете да ставите во секој засек по малку лук. Зачинете ја секоја риба од двете страни. Наредете ја рибата во садот во кој ќе ја печете рибата. Во отворите ставете лук.
Лимонот исечете го на неколку парчиња и наредете го врз рибата. Магдоносот исто така распоредете го по целата харинга одозгора. Залејте со зејтинот и со виното. Ако има икра во харингата измијте ја, зачинете ја, ставете ја во садот и врз неа ставете од лимонот. Садот поклопете го со капак ако имате, во спротивно со алуминиумска фолија добро покријте го плекчето.
Ставете да се пече во загреана рерна на 250 степени. Рибата печете ја околу еден час. Пред да ја извадите од рерна околу десетина минути тргнете го капакот малку да се исцрви рибата. Пред тоа намалете ја температурата на околу 180 степени за да не ја изгорите. Како прилог можете да додадете пире од компири. Ви посакувам добар апетит.
Лиценца: Сите права се задржани
Слетланче навистина многу ми се допадна,јас се некако вртам ослиќ и скуша,па редно е за промени
Но,за овој рецепт можноста не е помината,напротив се ми се вртка низ глава.Се надевам дека рибарницата каде што редовно пазариме ќе набави,па ако не за Благовец,за Цветници :)
Останува да видиме