
Француски леб
Започнуваме со замесување на тестото.
Во пластичен сад просејте го брашното, на краевите додадете ја солта во средината сувиот квасец и замесете со млака вода.Тестото месете го убаво околу десетина минути додека не се добие убаво мазно тесто. Оставете го покриено да стаса.
Куленот исецкајте го ситно заедно со мајчината душичка и откако тестото ќе стаса
ставете го куленот кога ќе го размесувате тестото пред да го формирате лебот.
Расукатајте го тестото во саканата форма и направете резови на средината кои малку ќе ги разделите,премачкајте со масло и печете на 200степени половина час.
Добар апетит!!!
Лиценца: Сите права се задржани