Француски колач со јаболка
Најпрво се подготвува квасецот со млекото и 4 лажици шеќер.
Откако ќе стаса, во длабок сад се крши јајцето и се мати со миксер. Се додава млекото со квасецот и омекнатиот маргарин(путер).
Постепено со матење се додава дел од брашното. Се домесува со рака со додавање на останатиот дел од брашното - тестото да не е ни меко но ни тврдо.
Оваа количина на тесто е доволна за округло тавче (30 см.) и правоаголен плех (32х36 см.). Тестото се дели на 2 дела (помал и поголем).
Во тавите се става хартија за печење и тестото се расплескува до дебелина од 1/2 прст. Од страните се прават повисоки рабови како за пица.
За филот, се мешаат мелените ореви со гризот,3 лажици шеќер, 1 ванилин шеќер и малку цимет.
Секое тесто се попрскува со смесата рамномерно.
Одозгора се редат кришките јаболка, се посипуваат со ванилин шеќер, малку цимет и шеќер (убаво да се покријат).
Доколку јаболкте се благи, може да се попрскаат со малку лимонов сок.
Колачот се пече на температура од 180 степени.
По печењето, по желба, колачот може да се прелие со желатин.
Секој што ќе проба, бара парче повеќе...добар апетит!
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови