Многу лесно и едноставно се подготвува, единствено што треба е чекање подолго време но без никава работа.
Подготовка:
1. Се меша брашното, солта и квасецот, па се додава водата. Со дрвена лажица убаво измешајте и тестото одозгора премачкајте го со маслиново масло. Ванглата завиткајте ја со најлонска фолија и ставете ја во фрижидер од 12 до 18 часа.
2. Плехот, во кој ќе печете, премачкајте го со масло и префрлете го тестото врз него. Пак прекријте го со фолија и оставете го 2-3 часа.
3. Прстите малку намрсете ги и нежно развлечете го, стегајќи одозгора. Испрскајте го со маслиново масло, наросете крупна сол, може свеж рузмарин, исечкан босилек, сушени домати, се по ваш избор.
4. Се печи во загреана рерна на 220 степени, 20 до 25 минути.
5. За сосот, измешајте го маслиновото масло, лимонот и зачините.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови