Филувана кростата
Во длабок сад ставете го брашното измешано со пецивото.
Додајте ги останатите состојки за бисквит и замесете тесто.
Помеѓу 2 листа хартија за печење развлечете го тестото во округла кора.
Калапот за кростата премачкајте го со путер и набрашнете го.
Ставете ја кората и одозгра врз неа ставете лист хартија за печење.
Врз хартијата ставете поголема количина грав (ќе ви помогне при печењето кората да не нарасне многу).
Печете на 180 степени, 15-20 мин. зависно од рерната.
Во меѓувреме направете ги филот.
Желатинот ставете го во водата и оставете да омекне.
Потоа исцедете го убаво од водата и ставете го да се растопи на пареа (може и во микробранова).
Жолчките изматете ги со шеќерот, па додајте го маскарпонето и измешајте убаво со жица за матење.
Белките изматете ги во цврст снег.
Во изматената крема додајте го растопениот желатин и изматените белки и со жица убаво измешајте.(Мешајте во еден правец одоздола према горе).
Врз изладениот бисквит ставете ги боровинките свалкани во шеќерот во прав, па одозгора нанесете ја кремата.
Декорирајте со какао.
Ставете ја кростатата во фрижидер да отстои најмалку 1час.
Лиценца: Сите права се задржани