Рецептов го имав во едена стара книга за рецепти, а пред некој ден случајно го видов и на интернет па ми дојде како одлична идеја за промена од вообичаеното похување на риба.
Филетите исечете ги на широки ленти или поголеми коцки. Посолете ги и побиберете ги па напрскајте ги со лимоновиот сок. Оставете ги така да отстојат.

За тестото, во еден сад ставете го јајцето и пивото па со постојано мешање со жица за матење додавајте го брашното. Убаво изматете за да нема грутки. Оставете ја смесата да отстои 20 минути.
Рибата нежно натапкајте ја со кујнска хартија за да ја исушите. Белката изматете ја во мек снег и додадете ја во тестото па убаво промешајте. Во тенџере ставете повеќе масло за пржење и загрејте го.
Со вилушка земајте од парчињата филети, намакјте ги убаво во тестото и ставете да се пржат од двете страни на умерена температура. Вадете ги на кујнска хартија за да се впие вишокот на маснотии па после послужете со сос по ваша желба.
Вака подготвената риба може да се служи како предјадење или како главен оброк со додаток на пире од компири и свежа салата.
На здравје!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани