Шеќерот се топи на тивок оган како карамел.
Настрана се мати путерот со шеќерот во прав и жолчките.
Кога шеќерот ќе се карамелизира се трга настран и му се додава смесата со путерот и жолчките. Се меша и се враќа на оган уште 5 минути мешајќи цело време. Внатре се додаваат и оревите.
Претходно од обландата искроите парчиња за триаголен калап. Ставете ги страничните и одма, пред да се здрви смесата, турете ја внатре. Одозгора ставете го и третото парче обланда и убаво притиснете. Можете и во друга форма да го направите, по желба ваша.
На средбата која секоја година си ја организираме, вакви штангли донесе Жане, ме бендисаа и ги направив. Имаат одличен вкус, путерест, карамелот со оревите дава посебен шмек.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови