Фереро чизкејк
1. Прво се прави подлогата. Се става мрсна хартија во тавче бр 20 со механизам. Се мешаат сите состојки и се ставаат во тавче обложено со мрсна хартија.Убаво се измазнува и се става во фрижидер.
2. Се кисне желатинот во 50 мл ладна вода. Се мати слатката павлака додека не се згусне и се додаваат киселата павлака, крем сирењето, нутелата, стопеното чоколадо и шеќерот. Желатинот се топи на тивок оган и тој се додава во кремот. Убаво се мати со миксер. Кремот се става врз подлогата од биаквити и лешници.И повторно се враќа во фрижидер.
3. Откако ќе се стегне кремот се прави глазурата .Се топат на пареа и се прелива цела торта.
Се остава да се стегне минимум 2 часа.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови