Драги мои пријатели, често пати во Грција купувам од нивните прекрасни баклави, полнети со крем.... шербетски благи десерти...
Овие баклавчиња со крем, некако посебно ми прават ќеиф, па си реков зошто јас не си подготвам дома самата?
Па еве го мојот преуспешен експеримент, како си ја замислив, така ја подговив.
Прекрасен вкус, изглед, крцкавост....ма погодонена беше премногу

Во нутрибулет ги мелиме тостираните ореви.
Ги оставаме во сад на страна.
Исто во нутрибулет ги мелиме аранчините од портокал и темното чоколадо со парченца кора од портокал.
Убаво соединуваме.
Во мала касерола на тивок оган ги ставаме да се соединат путерот и маслото.
Тргаме на страна.
Сега корите ги поставуваме на работната маса.
Една чиста кујнска крпа ја навлажнуваме, но не треба да е целосно водена, бидејќи корите можат да станат глекави.
Оваа навлажнета крпа ја постиламе врз корите.
Јас користев тава за пица, со дијаметар од 28-30 цм.
Танко ја премачкав со масло.
Сега ја земаме настрана првата кора, а со влажната крпа ја покривате наредната кора која ќе ја работиме.
Доволно ќе и биде да одстои 1 до 2 минути , додека ја спремаме кората која сме ја зеле.
Со четка тенко ја премачкуваме со маснотијата, посебно водете сметка на крајчињата да бидат намастени, за да не пукаат кога ќе ја набираме или кога ќе ја сечиме.
Сега 1/3 од кората преклопуваме, како на сликата и расфрламе 1 рака од полнењето со орев.
На почеток на кората ставаме сукало и роламе.
Внимателно ја собираме кората од двете страни.
Јас првата ја измерив за да видам одприлика како треба да работам.
Набрана беше долга 24 цм.
Вака подготвена ја сечев на 3 парчиња, а за ружичките ја сечев на 2 парчиња.
Внимателно го вадиме сукалото, без да притискаме.
Пресечените парчиња ги редиме во тепсијата.
Јас по мој вкус ги редев како што ви презентирам.
Постапката е иста со целиот материјал.
Кога тепсијата е полна тенко со четка секое парченце го премачкуваме со остатокот на маснотија.
Печиме 45 минути на 160 степени.
Испечената баклава ја оставаме потполно да се олади.
За тоа време го подготвуваме шербетот.
Во касерола ги ставаме шеќерот и водата на умерен оган.
Од кога ќе почне да врие додаваме кришки лимон и нека врие само 3-4 минути.
Ладната баклава внимателно ја поливаме со топлиот шербет.
Ја оставаме така 1 до 2 часа да одстои.
Сега го подготвуваме кремот.
Во касерола на оган ги ставаме млекото, шеќерот и пудингот.
Убаво промешуваме да се раствори и вариме до згуснување.
Тргаме од оган и промешуваме за да не фати коричка.
Во сад го ставаме прашокот за шлаг и млекото.
Матиме до згуснување.
Сега со миксер со најмала брзина ги соединуваме пудингот и шлагот.
Кремот го полниме во готварски шприц и ги полниме средишните, празни делови на ружичките.
Декорираме со кандиранни вишни и ливчиња нане.
Сервираме и уживамеееееееееее

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани