Уштипци со павлака
И овој рецепт е од“Кувар за секое домакинство“ од 1981 година.
Најпрво ја сецкаме пиперката на ситни парченца. Јас ставив една лажичка буковец,бидејки не сме по лутото. Со жица ги мешаме јајцата и брашното, ги додаваме солта и пиперката или по ваш избор. Павлаката ја истураме постепено и матиме додека да добиеме глатка хомогена смеса. Го ставаме зејтинот во тава на загреана рингла на средна температура за да не ни изгорат уштипците. Со голема лажица истураме во врелиот зејтин и пржиме од двете страни колку да поруменат.
Не верувам дека некој ќе одолее, а да не проба додека ги пржи, јас не успеав. Навистина се вкусни додека се топли. Ви ги препорачувам. Се надевам дека ќе ви се допаднат. Добар апетит.
Лиценца: Сите права се задржани
eve slika od mojeto prajejnje...
http://i.minus.com/ibsxVvkEtVrZAM.jpg