Подготовка:

1. Скушата исчистете ја од коски и исечете ја на ситно.
2. Потоа сварете ги морковот, компирите, цвеклото и јајцата. Откако ќе се сварат, компирите цвеклото и морковот се рендаат и се додаваат кај рибата. Исто така изрендајте краставички и жолчките од јајцата. Белкитете оставете ги за украсување, како и по една рака од морковот и цвеклото.
3. Посолете ја салатата и додајте мајонез. Од салатата направете топчиња. Едно топче извалкајте во цвекло, друго топче извалкајте во морков, следно топче во белка од јајце, па во сусам. Така направете за сите топчиња од салатата. Топчињата наредете ги во чинија, одозгора ставете пола маслинка и стапче од магдонос.
Добар апетит!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани