Увртена погача
Во подлабок сад ставете го стопленото млеко, квасецот, шеќерот.
Додајте постепено 20 лажици брашно и мешајте со лажица да не останат грутки.
Оставете оваа смеса да стаса додека се обработи квасецот, а потоа додајте го маслото, солта и по потреба брашно.
Замесете средно меко тесто и поделете го на 3 дела (2 поголеми еднакви дела и еден помал).
Првата топка поделете ја на помали топчиња.
Секое топче со сукалка развлечете го во кора голема колку што е плехот во кој ќе ја печете (јас користев бр.32).
Плехот премачкајте го со малку масло и ставете ја првата кора.
Премачкајте ја со растопен маргарин. Врз неа ставете ја втората и пак премачкајте со маргарин. Повторете ја постапката со останатите 3 кори.
Откако ќе ги наредите со нож исечете ги на 8 дела, но не сечете до краевите. Врвовите од секој дел свиткајте го наназад.
Втората топка тесто исто поделете ја на 5 помали топчиња и секое со сукалка расукајте го не многу тенко, со големина колку што е просторот останат во плехот. Редете ги исто корите една врз друга, а секоја премачкајте ја со растопен маргарин. Исечете ја на 8 дела и врвот на секој дел свиткајте го наназад и ставете го под првиот венец од извитканото тесто.
Третата топка тесто поделете ја на 3 дела.
Двата дела благо расплескајте ги со раце и ставете ги во средината од плехот, а меѓу премачкајте ги со маргарин.
Третото помало топче поделете го на помали топчиња и ставете ги најгоре во средината на плехот. Со ножички засечете ги на 4 дела и наросете ги со ким (или по желба сусам).
Целата погача премачкајте ја со разматено јајце и оставете ја да стаса додека се исполни плехот.
Печете на 200 степени додека убаво порумени.
Лиценца: Сите права се задржани