Турско пециво со компири во тестото
Активирајте го квасецот во топлото млеко со малку шеќер, потоа измешајте ги во него јајцето и маслото, па компирите, сирењето и магдоносот. Додадете пола од брашното, измешајте па потоа следната половина постепено заедно со солта. Измесете меко тесто кое ќе го намрсите и оставите да се дуплира.
Дуплираното тесто префрлете го во намрсен сад 25х35 и убаво израмнете го, па покријте го и оставете го да се накрени скоро до горе во тавата.
Со 4те прсти го обликуваме како да го сечиме на парчиња повеќе пати од кратката страна и еднаш во должина. Во секој засек од прстите ставаме по едно тенко парче кашкавал. Кој сака можи и шунка или слично да стави. Одозгора го прамачкуваме со жолчка измешана со 1 лажица млеко и малку куркума, па го посипуваме со сусам.
Се печи на 200С во загреана рерна.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови