Ова е еден десерт кој моите пријателки од Турција ми го предложија.
Нам ни се допадна. Пробајте го и вие.
Благодарам Филиз, благодарам Федије.
Еве ја подготовката...

Прво се приготвува шербетот. Водата и шеќерот се ставаат во сад на оган. Нека провријат 5 минути и се трга да се олади.

Тавчето во кое ќе се пече е со големина 28 на 28 см.
Се премачкува со масло.
Во сад ги матиме добро јајцата со шеќерот и кога ќе ја добијат својата густина ги додаваме останатите состојки.
Промешуваме убаво. Ќе добиеме малку густа смеса.
Со шпатула ја префрламе во садот во кој ќе печеме, израмнуваме и ставаме во загреана рерна на 180.
Печеме на тивко.
Проверуваме кога е готово со чепкалка и вадиме од рерната.

Ја прелеваме тортата оставаме да впие.

Вариме крем.
Млекото го промешуваме со шеќерот и ванилата.
Одземаме мал дел од млекото за да го промешаме густинот.
Кога млекото е врело, го додаваме густинот и мешаме да ја добиеме потребната густина.
Го тргаме садот од оган. Оставаме да одмори 5 минути и ја истураме слатката павлака и мешаме со миксер.
Кремот е готов.
Нанесете го врз тортата кога двете ќе бидат млаки.
Попрскајте со кокос.
Оставете да се излади добро (јас оставив преку ноќ)
Пресечете ги внимателно коцки и служете.

Забелешка
Според мој вкус, ова е многу шеќер во шербетот.
Мислам дека треба да се намали количината.
Чашата е од 200мл.