Казандиби - турски десерт
800 мл. од млекото заедно со шеќерот се ставаат на оган, а останатите 200 се ставаат во еден сад заедно со брашната и нишестето и се прави хомогена смеса.
Откако млекото ќе зоврие се додава смесата со брашната и нишестето и се вари како пудинг 10-ина минути.
Со путерот се премачкува правоаголна тава за печење на делимано 35 на 27 или некоја друга со покритие за полесно одлепување на десертот и се поросува со шеќерот во прав рамномерно. Врз шеќерот се става врелиот ,,пудинг,, .Тавата се остава на оган и се врти постојано за да може да се растопи шеќерот во прав и да се карамелизира, поребни се 6-7 минути, потоа десертот се остава да излади целосно.
Откако ќе излади се поросува рамномерно со циметот и се витка во ролат.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови