Подготовката не овие пралини не е комплицирана освен што време одзема чекањето да се стегнат трите делови во замрзнувач и подготовката на путерот од кикирики. Но крајниот ефект е одличен, посебно за љубителите на вкусот на кикириките.

1. Најпрвин се прави путерот од кикирики со постепено блендирање на кикириките (јас користев купени подпечени, несолени кикирики), се паузира повремено и кога ќе почнат кикириките да се претвораат во леплива смеса, се става маслото и медот по вкус и се блендира додека не се добие путер.

2. Белото чоколадо се топи на пареа со малку масло и се тура во калапчиња, се остава во ладилник 15 минути.

3. Во путерот од кикирики се става омекнатиот путер и шеќерот во прав, а садот во кој се овие состојки се става во друг сад со топла вода, за да може да се изедначат состојките со мешање, а и да се добие еден вид фил од путер од кикирики кој ќе може да се нанесе во калапчињата.

4. Овој фил се тура во калапчињата и пак се остава во ладилник да се стегне.

5. Црното чоколадо се топи на пареа со малку масло и се тура врз стегнатиот фил од путер од кикирики, се става во ладилник да се стегне.
Изладени, тробојните пралини се вадат од силиконските калапчиња.
Со видовите чоколадо може да правите разни комбинации, а исто така и со
формите на пралините. Вкусот е одличен!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани