Тробоен солен ролат со обланди
2та листови обланда исечете ги на половина по должина. Од добиените 4, потребни се 3 такви за малите ролати. 3от лист, се остава цел. Со него се виткаат 3те мали ролати.
Листовите обланда омекнете ги во навлажнета пацета. Омекнете ги само толку, колку да можат да се виткаат.
Во подлабок сад измешајте ги мајонезот, павлаката и изварката.
Секој од трите половинки листови обланда премачкајте го со оваа смеса. Во едниот ставете грашак, а по желба можи да додадете црн бибер и оригано. Во другиот ставете рендана салама или чајна, а во третиот, ренданиот или сецкан обарен морков, кој сте го посолиле и побибериле. Завиткајте ги посебно сите 3 ролати по должина (од долгата страна, при што ќе добиете тенки, долги ролатчиња). Наместо морков, во овој случај јас користев салата од цвекло.
Премачкајте го големиот лист обланда со смесата од мајонез, павлака и изварка. Врз него наредете ги ролатите во пирамида, прво два и над нив третиот. Помеѓу секој ролат нанесете од смесата. Свиткајте ја големата обланда преку трите мали ролати и убаво затворете ја.
Одозгора премачкајте со остатокот од смесата или пак само со мајонез. Наросете со рендан кашкавал. Оставете убаво да се здрви преку ноќ пред сечење.
*** Користете посува или убаво процедена изварка.
Лиценца: Сите права се задржани