19
мар
2012
Трио колач
Се матат 5 јајца со шеќерот, зејтинот, млекото, брашното и пецивото. Смесата се дели на половина и во едниот дел се става какаото.
Филот се вари пред да се уклучи рерната-млекото се загрева со шеќерот и во врелото млеко се додава гризот и кокосот, па се вари додека се згусне.
Прво во подмачкан плех се истура половина од смесата со какао и се става да се пече. Одкако ќе се запече се ваѓа од рерна и над пандишпанот се истура филот и убаво се израмнува и над него се истура втората смеса без какао па се допечува.
За глазура чоколадата се топи на пареа со три лажици зејтин и убаво се распоредува па се посипува со кокос
Лиценца: Сите права се задржани