Традиционална Англиска торта за Велигден- Симнел торта
Кога се ближи некој празник, секогаш се трудам да најдам некој нов рецепт, да биди малку поразличен од она што го нуди нашата традиционална кујна.Така беше и овој пат, а сега плус предизвик ми беше и нашиот натпревар по повод Велигден.
Овој пат мојот рецепт ќе го посветам на Англиската торта Симнел, која има доста интересна историја.
Имено тоа е торта која датира од средновековието, и која ја правеле младите девојки.Тортата има 11 топчиња кои ги симболизираат 11 апостоли на Исус, а 12 Јуда е изоставен тука.
Начинот на подготовка е многу лесен, и нема да ви одземе многу време но на крај ќе имате една превкусна торта која изобилува со вкусови.
1. Најпрво го правиме марципанот, и тоа бадемите ги потопуваме со врела вода и ги оставаме така да отспојат околу 20на минути, па потоа ги вадиме лушпите од нив. Ги оставаме преку ноќта да се исушат убаво. Утредента така исушените бадеми, ги мелеме ситно, јас ги мелев со блендер, па потоа ги мешаме со шеќерот во прав.
2. Но во меѓувреме го правиме шеќерниот сируп ( 100 мл вода / 100 гр шеќер ) го вариме до точка на вриење и го оставаме убаво да се олади. Откако е оладен додаваме по потреба во мелените бадеми и шеќерот во прав и месиме додека не добиеме убава мека смеса.
3. Во сад за матење го додаваме путерот и шеќерот, и матиме со миксер, потоа постепено ги додаваме јајцата и продолжуваме со матење, додека не се добие хомогена смеса. Го додаваме брашното каде се ставени циметот, и прашакот за пециво и сега мешаме со лажица, и на крај рендаме една кора од лимон, и ги додаваме сите суви овошја и оревите. Продолжуваме со мешање додека се не се соедини.
4. Во калап за печење ставаме хартија за печење, и половина од смесата ја ставаме во калапот.
Марципанот го делиме на две еднакви половини, и сукаме кора колку калапот.На смесата ставаме една кора марципан, и го ставаме остатокот од смесата.
5. Така ја ставаме тортата да се пече околу 1 час во загреана рерна. Откако е готова ја оставаме тортата убаво да се олади, ја премачкуваме со мармалад од кајсии, и од горе ја ставаме другата кора од марципан, за на крај да ги ставиме 11те топчиња од марципан.
Оваа торта на моето семејство особено му се допадна, се надевам и вас доколку решите да ја направите.
Честит Велигден
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
Баш е лесна а многу вкусна торта, дури и малку потешка за јадење за мене хехе, ама сите што ја пробаа ја бендисаа