Искрено натпревариве на зададена тема ја будат креативноста кај нас. Некогаш се има време за подготовка на нешто, некогаш не. Но секогаш ни давате инспирација. Овојпат си осмислив уште едно топло предјадење, кое излезе успешно и многу вкусно.

2. Исечете го празот на тенки кругови и ставете во тава со малку маслиново масло да се пропржи. Додајте малку вода, покријте со капак и оставете да омекне додека да испари водата. Оставете да се подолади.

2. Префрлете го празот во повисок тесен сад и додајте ги јајцето, млекото, грана сирењето, сол и бибер.
Изблендирајте убаво со рачен блендер.

3. Премачкајте со путер 2 алуминиумски калапчиња и наполнете ги со изблендираната смеса.
Треба да наполните 3/4 од калапите. Во малку повисока тава ставете ги калапчињата и налејте зовриена вода. Водата треба да биде во висина на полнењето во калапите. Ставете да се печат во загреана рерна на 180 степени, 40 минути.

4. Додека се печат тортиците направете ја кремата. Компирите излупете ги и ставете да се варат. Додека се топли ставете ги во сад за блендирање. Додајте го путерот, пекориното, павлаката, сол и бибер. Изблендирајте со рачен блендер. Треба да добиете потполно мазна крема.

5. Откако тортиците ќе се испечат извадете ги и оставете сосема малку да подоладат, па извадете ги од калапите. Во чинија за сервирање ставете од кремата, во средината ставете тортица и украсете по желба.

Забелешка
Ова е доза за 2 тортици(за 2 особи), бидејќи ги спремав како предјадење.
Слободно може да зголемите доза па да ви биде и оброк.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани