Сум подготвила повеќе рецепти и знам дека бананите и путерот од кикирики одлично се вклопуваат, па така водена од таа идеја го создадов овој едноставен а превкусен рецепт.

Подготовка
1. Во дел од млекото за фил го раствораме пудингот.
2. Останатото млеко заедно со шеќерот и блендираните банани го загреваме до вриење.
3. Го додаваме пудингот и мешаме додека смесата да се згусне.
4. Го тргаме тенџерето и ги додаваме путерот и путерот од кикирики, па соединуваме со мешање. Го ладиме филот.
5. Во малку млеко промешуваме какао и во него ги потопуваме бисквитите една по една и ги редиме во тавче со обрач со димензии 25х25.
6. Со мал дел од филот ги премачкуваме бисквитите, па врз него редиме кругови банана.
7. Потоа остатокот од филот го ставаме врз бананите.
8. На крајот матиме шлаг според упатството на кесичката и го распоредуваме врз филот. Наросуваме чоколадни лушпи.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани