Подготовка:

Користен е калап бр 20
1. Прво се подготвува тестото - Во вангличка се ставаат јајцето и шеќерот и матиме до побелување. Додаваме просеани пециво, какао, брашно, млеко и масло. Убаво со шпатула ја соединуваме цела смеса. Ја ставаме во калапот кој е обложен со хартија.
2. Печиме околу 12 минути, но сепак проверуваме со чепкалка. Оставаме тестото да се излади.
Потоа ја отстрануваме хартијата и го враќаме тестото во калапот. Низ цедалка ги процедуваме црешите од течноста. Тестото го попрскуваме со 3,4 лажици од сирупот.
3. Во тенџере ставаме млеко, шеќер и прашакот за пудинг, соединуваме да нема грутки. Вариме на тивок оган до згуснување. Додека е топло го додаваме и путерот и енергично мешаме до изедначување.
Млакиот фил, половина го нанесуваме врз тестото. Врз него ги редиме исцедените цреши, малку ги притискаме. Расфрламе и парченца сецкано млечно чоколадо. Ја нанесуваме втората половина од филот. Израмнуваме и редиме кругови банана.
4. Сега во сад го ставаме желатинот со вода да набабри. Потоа го растопуваме на тивок оган. Го додаваме во сирупот кој е малку загреан. Оставаме да отстои 10 минути, па го прелеваме врз бананите.
Ја оставаме тортата преку ноќ убаво да се излади.
Го отстрануваме обрачот, сечеме парчиња и послужуваме.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани