Торта со ресани
Најпрво одделете ги белките и жолчките. Жолчките изматете ги со вилушка додајте го шеќерот. Густинот, пудинзите и 200 мл од млекото измешајте да нема грутки и сипете го во зовриеното млеко. Готовиот фил оставете го да се излади.
Со миксер изматете ги белките и шеќерот да се добие пенеста смеса, па исклучете го миксерот, додадете го брашното измешано со пецивото и мешајте со жица да се изедначи смесата. Истурете ја сметата во плех обложен со хартија и печете на температура од 180 степени 15-20 мин во зависност од рерната. Испечената кора оставете ја да се излади.
Маргаринот изматете го со шеќерот во прав па додајте го изладениот фил и мешајте додека не се изедначи смесата. Оладениот пандишпан избоцкајте го со вилушка и прелијте го со жешкото млеко измешано со шеќерот. Над пандишпанот истурете половина од филот израмнете убаво и згора ставајте од ресаните една до друга, а над ресаните нанесете го преостанатиот фил. Украсете со слатка павлака или шлаг.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови