Прекрасна и превкусна торта која ќе ви биде дел од новогодишата трпеза.
1. Најпрво ќе го приготвиме ореовото млеко. Оревите се преливаат со вода и се оставаат да одстојат 6 часа, па се процедуваат.
2. Потоа, оревите, вода, медот и солта се блендираат и содржината се процедува низ вреќа за растително млеко или газа. Со тоа добивате вкусно, здраво и посно млеко за готвење.
3. За бисквитот потребно е да се изматат јајцето и шеќерот, потоа се додаваат остатоците од оревите по правењето на ореовото млеко, брашното, маслото, ореово млеко и прашокот за печиво.
4. Се пече на 180 степени околу 30мин.
5. Во меѓувреме го подготвуваме кремот. Пудингот и шеќерот се варат во млекото од ореви.
6. Во изладениот крем се додава изматениот путер.
7. Кремот се нанесува на бисквитот и се посипува со грст сечкани ореви, па се става во ладиник.

Забелешка- За заблажување на млекото, можете во приготвувањето да додадете сечкани урми или некој друг засладувач според ваш вкус. Во мојата торта додадов мед.
1 чаша од 200мл.
Што се однесува за количината на вода, јас употребив околу 1л во блендирањето и соодветно можете да ја намалите количината на водата и оревите ако сакате да добиете помала количина.
5 чаши ореви околу 350гр ореви.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови