Торта со киви
Ги матиме јајцата со шеќерот додека добро се уработат. Го додаваме сокот од лимонот и зејтинот и матиме уште неколку минути. Потоа го додаваме брашното измешано со пецивото и со рачна мешалка добро промешуваме за да не ни останат грутчиња од брашното.
Смесата ја истураме во правоаголен плех и печеме на околу 18о степени околу 30 минути или зависно од јачината на рерната.
Во меѓувреме ги лупиме кивите и ги сецкаме на кругчиња. Пудингот го раствораме во дел од млекото заедно со шеќерот. Млекото го ставаме да проврие и го додаваме пудингот. Постојано промешуваме на потивок оган додека да се згусти. Го ладиме и мешаме да не ни фати коричка. Пандишпанот го сечеме на половина и едната половина ја пропрскуваме со сок за растворање или шербет од слатко. Оладениот пудинг го премачкуваме на кората. Одозгора ги редиме кивите. Чоколадото го растопуваме со малку зејтин на пареа и со него декорираме по желба.
Брз и вкусен е овој колач, ако сакате пробајте го. Пандишпанот од оваа смеса е доволно голем колку за две торти или ако сакате можете да додадете уште 1 пудинг и повеќе киви ( без сечење на пандишпанот ) за да ви испадне поголема тортата. Изборот е ваш.
Добар апетит.
Лиценца: Сите права се задржани
а можеш да направиш зелен пудинг?
а може да свети навечер кога ќе се изгаси светло? :) :) :) :)