Во сад го кршиме јајцата, го додаваме шеќерот и матиме со миксер.Откако ќе се измати убаво, шеќерот да се растопи го додаваме маслото, брашното, вареното кафе, какаото, прашокот за пециво и мешаме со жица за матење.
Во тава за печење ја истураме половината од пандишпанот и печеме 10 мин. на 200 степени.
Почнуваме со подготовка на филот.
Во тенџере ги ставаме млекото, густинот, какаото, чоколадото и шеќерот. Непрекинато мешаме со жица се додека не се добие густина како пудинг.
Филот оставаме малку да се излади и го ставаме врз испечената кора од пандишпанот.
Врз него ја истураме останатата половина од пандишпанот и ставаме пак да се печи усте 15 мин. на 180 степени.
Откако ќе биде готова оставете ја на ладно да излади околу 30 мин, да се стврдне филот.
Многу вкусна тортичка ....

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови