Торта од лубеница (декорација)
Интересна декорација на овошјето во чиј центар е лубеницата можи да измами воодушевување и насмевка кому ќе ја изложите да ја дегустира, па така и оние кои не се големи љубители на овошјето ќе се обидат да ја вкусат.
Оваа торта - овошна декорација беше предторта, односно утринско изненадување на роденденската славеничка, која многу пријатно изреагира на гестот, па решив како идеја и во категорија декорација да ја споделам и тука, можеби некој ќе се реши да ја изведи.
Со остар нож се сечи лубеницата на посакуваната форма.
Се става на рамна чинија.
Се мати слатката павлака и се премачкува насекаде како торта.
Доколку сакате, можете да ја избоите или во дена да ставите некои додатоци да дојди како страчатела или можеби мелени јатки за дополнителен вкус.
Јас се одлучив да е бела за подобар контраст при украсувањето.
Украсувањето го правите со помош на сезонското свежо овошје кое го имате по дома. Можите да надополните лик со чоколаден или овошен прелив, перли, чоколадни или шарени трошки... едноставно правете си мерак и играјте си. Верувам дека оној кој за прв пат ќе ја види ваквата торта, ќе е пријатно изненаден, бидејќи оваа торта го покажа тоа.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови