Солена торта со детска декорација
Солена торта со необична декорација со која можете да ги израдувате и вашите деца како што јас ги израдував моите, а воедно да имате и вкусна закуска.
1. И за двете теста прво ги матиме јајцата до светло жолта боја па ги додаваме останатите состојки и нежно промешуваме да се поврзат. Тестата ги печев во Делимано округлата силиконска тава, малку намрсена со путер. Печеме на 200 степени околу 10-15 минути. Ги оставаме да се изладат, а за тоа време го подготвуваме филот.
2. Ја сечкаме шунката, кашкавалот и киселите краставички на ситни коцки, па заедно со мајонезот, киселата павлака, ренданото варено јајце и зачините ја промешуваме смесата.
3. Го премачкуваме првото испечено и изладено тесто и поклопуваме со второто.
4. Тортата ја оставаме во фрижидер и започнуваме со подготовка на декоративните „глувчиња“.
5. Јајцата ги лупиме и ги засекуваме од долната страна по должина, при што може да ја извадиме жолчката која ќе ни треба за рендање врз тортата. Од морковчето правиме опавчиња, од ротквичката увца, од биберчето носе и очи.
6. Целата торта ја премачкуваме со кисела павлака и рендаме кашкавал врз неа неа. Варените жолчки ги рендаме на ситната страна на рендето врз кашкавалот. Ги редиме „глувчињата“.
Забелешка
Можете да направите две теста како второто. Јас мислев да ми биде поцврста основата, па затоа во првото тесто додадов повеќе брашно.
Можете по долниот дел да ги засечете повеќе јајцата, така ќе добиете „глувчиња“ не толку дебелки како моите =)
Лиценца: Сите права се задржани